Промоторот на светскиот шампион на ИБФ во супер тешка категорија, Ентони Џошуа, смета дека борбата со легендарниот Украинецм, Владимир Кличко, ќе биде многу тешка за Британецот.
„Битката ќе биде жестока. Луѓето зборуваат дека Ентони е фаворит, но тој ќе се бори со Кличко“, вели Еди Херн во коментар за Boxing Scene.
„Џошуа не е Фјури. Фјури имаше неповолен, нестандарден стил. Мислам дека шансите се 50-50“, додаде менаџерот на олимпискиот шампион од Лондон 2012.