Промоторот ја потврди понудата за Кличко од 70 милиона евра

Поранешниот промотор на Владимир Кличко потврди дека Украинецот добил понуда од 70 милиони долари за да се врати во рингот.

Оваа сума беше понудена од страна на стриминг сервисот ДАЗН за кој помеѓу другите боксираат Ентони Џошуа, Канело Алварез и Генади Головкин.

Поранешниот промотор на Кличко, Том Лофлер, рече дека би сакал, ако 43-годишниот Украинец се врати во рингот, да се бори со Дионтеј Вајлдер.

„Имаше така успешна шампионска серија што многу луѓе сакаат повторно да го видат во рингот“, изјави за Сириус XM.

„Компанијата му нуди многу пари за враќање. Тој е еден од оние брендови кои навивачите го сакаат назад. Би сакал да се врати. Не знам дали е задоволен со она што го има постигнато досега во својата кариера. Знаете, неговиот брат Витали минатата година е примен во Куќата на славните и е градоначалникот на Киев. А Владимир беше еден од најуспешните светски прваци во историјата“.

„Одлуката е на него. Но, понудата има смисла и гледам дека објавува видеа и фотографии кои покажуваат дека тоа се уште му е во главата“.

„Лично, би сакал да го видам во борба со Дионтеј Вајлдер. Мислам дека тоа би бил огномет, бидејќи Дионтеј има голема сила на ударите. Тоа би била голема борба. Но, тоа е само мое лично мислење. Сакам тоа јасно да го истакнам, за да немам проблеми со него“.

Вајлдер неодамна го прашаа дали е заинтересиран за борба со Украинецот ако одлучи да се врати.

“Не. Мора да видиме што ќе направи. Нека се врати и и повторно нека се искачи. Кога Кличко се бореше со Џошуа се врати по две години и загуби, така што мора да заслужи. Не може да живее толку долго само на името. Доаѓа време кога повеќе не сте борец како што сте биле некогаш“.

На крајот од минатата година Кличко изјави скокотка идејата за враќање и повторно искачување на тронот, како најстар шампион во историјата на тешката категорија.

„За да се врати во рингот мора да се работи за нешто необично. За нешто неверојатно. Се уште го имам тоа во себе, но не знам колку долго ќе останам во ваква форма“, изјави Кличко за Фокс спорт.

„Но, ако со 45 или 46 бидам во иста форма и чувствувам дека се ‘уште го имам тоа во себе, ако почувствувам искри во стомакот, мислам дека тој исклучителен момент би билсоборување на рекордот од најстариот светски шампион во тешка категорија. Очигледно, тука е само еден тип овде, Џорџ Форман, но може да размислам за тоа“.

Џорџ Форман во 1994 година во Лас Вегас во 10 рунда го нокаутира Мајкл Мурер и ги освои титули на ВБА и ИБФ и со 45 години стана најстариот светски шампион во тешка категорија. Единствениот боксер кој беше постар од него кога ја освои титулата светски шампион е Бернард Хопкинс со 48 години.

Кличко последен пат се бореше во април 2017 година кога во легендарната борба пред 90.000 гледачи на Вембли загуби со нокаут од Ентони Џошуа во 11 рунда во мечот за насловите на ИБФ, ИБО и ВБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON