Рускиот хокеар Дамир Риспаев, познат по агресивното однесување, го достигна својот врв во КХЛ меч меѓу Барис Астана и ХЦ Кунлун, бидејќи одлучи да се испотепа со целиот тим на Кунлун.
„Неговото однесување нема никаква врска со хокејот и се противи не само на правилата, туку и на духот на нашиот спорт. Таквото однесување нема место, не само на средбите на КХЛ клубовите, туку и во целиот спорт во целина“, се вели во соопштението КХЛ.
Така, средбата беше прекината по само три минути, но Риспаев е суспендиран до крајот на предсезоната.
На Риспаев ова не му е прв пат тотално да подивее. Минатата сезона во седум натпревари заработи 83 казнени минути, а во 23 КХЛ средби дури 194.