Грузиски џудист и се „освети“ на Русија за војната во 2008 година

Lasa Shavdatuashvili

Лаша Шавдатуашвили, грузиски џудист во категоријата до 73 килограми, ја икористи победата во репасажот за влез во борбите за медал на Олимписките игри, за да потсети на инвазијата на руската армија во татковината во 2008 г.

Тоа се случи по победата со „ипон“ над Русинот Денис Јарцев во категоријата до 73 кг. Додека ја чекаше судската одлука, а соборениот противник се уште беше на душекот, Шавдатуашвили со елоквентни гестови го потсети за нападот на руската армија во Грузија во 2008 година

Грузиец прво му го покажа знамето зашеин на горниот дел на неговото кимоно, а потоа го посочи побединиот ривал.

Пред точно 8 години руски борбени авиони го бомбардираат Гори, родниот град на џудистот.

Во борба за третото место Шавдатуашвили го победи Саги Муки од Израел. Ова е прв медал за Грузија во Рио. Златото го освои Јапонецот Шохеј Оно, кој во финалето го победи Рустам Оруџов од Азербејџан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО