Во соработка со Македонската џудо федерација и Џудо федерацијата на Велика Британија и Калед Симонс (лиценциран тренер за џудо од страна на Британската џудо федерација), ЏК Пролетер од Прилеп организира посета на тројца свои џудисти во Велика Британија.
Во Велика Британија ќе патуваат поискусните стандардни репрезентативци: Никола Велески, Владимир Стојаноски и Борче Ангелов.
„Целта на оваа посета е размена на различни културни искуства, стимулирање и развивање и подобрување на квалитетот на џудистите, како од Македонија, така и од Велика Британија. Ова нема да биде прва ваква посета на џудистите од Пролетер. Ова е веќе традиција во Пролетер да регрутира и презентира свои членови надвор од границите на Македонија. Тие веќе претходно имаат неколку посети на Велика Британија на кои беа успешни како натпреварувачи и амбасадори клубот“, велат од ЏК Пролетер.
Пролетер има изработено програма за учество на овие тројца џудисти да учевствуваат на повеќе меѓународни натпревари- Европски купови, Европски првенства и меѓународни тренинг кампови.
Ова е календарот на натпревари и тренинг кампови на кои е планирано да земат учество џудистите на Пролетер:
8 октомври- Белград EJU/ЕЏУ Куп „Србија опен“
19-31 октомври – Еngland Training at Camberly, Pinewood
22-23 октомври – England Southend International
5 ноември – Кикинда интернационален тренинг камп
11-12 ноември – Тел Авив -Европско првенство У-23, во 2016 година.
2017 година: 25-26 март- Атина ЕЏУ Куп
27-30 март – Атина тренинг камп
15 април – Edinburgh Sportif International Tournament
16-17 април Edinburgh Sportif International Training Camp
29-30 Април – Сараево ЕЏУ Куп
мај- Прилеп – Тренинг со Калед и Колин Мклвер (БЏА Спортски директор, 9-ти дан)
4 јуни – Клуж Напока, Романско ЕЏУ Отворено првенство
15 септември – Марибор, СЛО, Европско првенство за јуниори
11 ноември – Подгорица – Европско првенство У-23.
Тренерите на Славе и Александар Димитријоски посочуваат дека ова е голем чекор за македонското џудо и дека само со вакви сериозни проекти и настапи во европска сцена може да се дојде до посакуваниот резултат.
„Ова е голем стимул за сите во клубот, а посебно за младите возрасни категории кои еден ден и тие ќе ја имаат оваа шанса да не претставуваат во светот. Се надеваме дека со напорна работа и спортска среќа ќе дојдеме до европски и светски медал“, велат тренерите на Пролетер.
Ipon.mk/В.Д.