На вчера одржаното Државно првенство за деца и кадети во џудо ЏК Пролетер освои вкупно 26 медали – 9 златни, 10 сребрени и 7 бронзени.
Прво место: Теодора Димеска, Томеска Марија, Макеска Александра,Тадеј Галески,Мартин Петрески,Јован Стојаноски, Јордан Ѓеоргиески, Симеон Гешоски, Борче Ангелов.
Второ место: Леонид Гешоски, Христијан Трпкоски, Михаил Богданоски, Христијан Богданоски, Михаил Стојаноски, Себастијан Митрески, Сара Петреска, Дарко Велкоски, Давор Велкоски, Менде Кироски.
Трето место: Марија Самарџиоска, Ана Марија Трајческа, Петар Самарџиоски, Владимир Милчиноски, Андреј Стефановиќ, Давид Спиркоски, Николче Трајкоски.
„Ова беше одлична можност младите натпреварувачи да ја проверат својата форма и кондиција. Сјајната и напорна работа на тренерите и натпреварувачите од клубот ја покажаа на дело како се станува и останува најдобар“, велат од прилепскиот клуб.
Ipon.mk/В. Д.