ЏК Пролетер е прогласен за најдобар клуб во возрасната категорија помлади пионери и постари пионери на Меѓународниот турнир „Струга опен 2016“, а џудистите на клубот освоија вкупно дури 35 медали.
Пролетер учествуваше со 40 натпреварувачи, кои ја потврдија оддличната форма и освоија вкупно 35 медали (9 златни, 11 сребрени и 15 бронзени).
На турнирот учествуваа 303 џудисти од 27 клубови и 9 држави: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија.
Резултати
Деца помлди полетарци:
Најдоски Тео – 1во место
Анѓелески Јордан-1во место
Пројчески Стефан- 1во место
Павлоска Сара – 2ро место
Спиркоски Виктор – 2ро место
Спиркоски Филип – 2ро место
Бакароски Леонид – 2ро место
Полетарци:
Петрески Мартин 1во место
Богданоски Христијан 1во место
Стојаноски Јован 1во место
Себастијан Митрески 1во место
Милчиноски Владимир 2ро место
Самарџиоски Петар 2ро место
Спиркоски Никола 2ро место
Гешоски Леонид 2ро место
Галески Тадеј 3то место
Стојаноски Михаил 3то место
Стефановиќ Андреј 3то место
Помлади Пионери:
Петејчук Лука 1во место
Хелена Зографска 2ро место
Кироваков Марко 3то место
Спиркоски Дино 3то место
Стојкоска Симона 3то место
Тренкоски Васко 3то место
Пионери:
Самарџиоска Марија 2ро место
Димеска Теодора 3то место
Томеска Марија 3то место
Ристеска Христина 3то место
Ѓорѓиоска Марија 3то место
Валентин Цаневски 3то место
Петрески Димитар 3то место
Кадети:
Ангелов Борче 1во место
Гешоски Симеон 3то место
Паноски Марко 3то место
Макеска Александра 2ро место
Тренерите Славе и Александар Димитријоски посочија дека рецептот што го прават – упорна работа и големиот талент на младите џудисти од Пролетер, резултираа со постојани успеси. Стручниот штаб на клубот изразува големо задоволство од освоените резултати.
Ipon.mk/В.Д.