Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Гловер Тешеира ќе се обиде да ја врати титулата во јануари на настанот во Рио де Жанеиро, а противник ќе му биде американскиот борец Џамахал Хил.
Донеодамнешниот шампион Јиржи Прохаска го повреди рамото пред неколку недели и мораше да го откаже реваншот против Тешеира.
Тој го ослободи шампионскиот појас за кој се бореа Јан Блахович и Магомед Анкалаев, но тој меч заврши нерешено.
Тешеира сега доби шанса да се бори за титулата, а Прохаска смета дека неговиот противник не заслужил да се бори за титулата.
„Хил Џамахал не заслужи да се бори за шампионскиот појас, но верувам дека ќе биде добар меч. Одлично е што Гловер ќе се бори во Рио, пред своите навивачи“, изјави Јиржи Прохаска.