Пристигнаа делегатите и дел од репрезентациите на „Македонскиот бисер“

Репрезентации кои утре ќе пристигнат на 41. Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“ се: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Унгарија, Англија, Молдавија, Романија, Белорусија и Украина со околу 60-тина борачи. За жал, силната репрезентација на Иран не добила виза. Точниот борј ќе се знае на утрешното мерење.

Во Штип пристигнаа делегатите Станислав Сернек (Словенија) и Андреј Криков (Русија).

Борбите се во сабота со почеток во 10 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“, а свеченото отворање е во 17 часот, по што следат борбите за медали.

Во недела ќе има семинар за судии кои ќе полагаат за меѓународни лиценци од втора и трета категорија, а ти доаѓаат од Украина, Германија, Србија и Хрватска.

Се очекува на турнирот да присуствуваат угледни гости и спортски работници, како претседателот на Обединетото светско борење – Европа, Цено Ценов, и претставници од Македонскиот олимпискиот комитет и Агенцијата за млади и спорт.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON