Во Охрид се одржува семинарот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) за тренери и судии. Предавачи на темата „Улогата на тренерот во боксерскиот спорт“ се професорите Руждија Калач и Војо Настевски од Факултетот за физичка клутура, спорт и здравје во Скопје.
„Ова е добар почеток и многу значајно за боксот, бидејќи знаеме во каква тешка ситуација беше боксерскиот спорт, а и се уште има потешкотии. Ова денес е клучна работа за да одиме напред. Клучна работа за спортот е тренерскиот кадар. Имаме одредени недостатоци, но ние не сме како некои други, побогати федерации, па затоа посветуваме внимание на едуцирање на тренерскиот кадар. Затоа велам дека ова е само почеток во таа насока. Драго ми што денеска се собравме во вака голем број, а и тоа што некои тренери се вратија во боксот“, рече претседателот на БФМ Примислав Димовски во неговото обраќање до учесниците на семинарот и нагласи дека оние што не можеле денеска да присуствуваат, што треба да бидат секунданти, ќе имаат уште една шанса да добијат лиценци на 21 март.
Димовски рече дека во иднина ќе се потрудат да донесат предавачи и од странство.
Димовски најави дека ќе се одржи и семинар за судии, кои исто така се важен сегмент во развојот на боксот. БФМ ќе испрати судии на АИБА семинари да се стекнат со прва ѕвезда и со втора, кои веќе имаат прва, за да може да судат ба меѓународни настани.
Ipon.mk