Примислав Димовски реизбран за претседател на Боксерската федерација на Македонија (ФОТО)

Примислав Димовски доби нов мандат да ја води Боксерската федерација на Македонија во наредните четири години. Димовски на денешното изборно Собрание на БФМ беше едногласно избран за претседател. И функцијата на Фатон Салиху, потпретседател на Федерацијата, беше едногалсно потврдена.

На Собранието кое се одржа денесека во просториите на салата за состаноци на Град Скопје присуствуваа 28 делегати.

„Се заблагодарувам на довербата, сакам да потенцирам дека ова ќе биде втор и последен мандат согласно законот. Ќе се вложам максимално боксот во Македонија да се развива, ќе барам да се работи според правилата, сите клубови да имаат услови за подобра работа, да имаме стабилност како и досега, репрезентацијата да ги ужива сите услови за добра работа, да нема неизвесност“ – изјави Димовски по реизборот.

Едногласно е избран и новиот Управен одбор, нови челнови се Фатон Асани, Душко Сачкарски, Самет Саливески и Петре Неделковски., во составот на УП се уште и Горан Трајановски, Ден Дончев, Блажо Донев и Фатон Салиху кој воедно е реизбран за потпретседатен на федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON