„Ништо од мојот настап на кик бокс рингот“, ова ни го соопшти Примислав Димовски, кој денес требаше да дебитира на Државното кик бокс првенство и да се сретне со тешкашот од Битопа Александар Димовски-Димса, борба која се сметаше се за најатрактивна на првенството.
Нашиот искусен боксерски репрезентативец објасни од кои причини нема да настапи.
„На КБК Адреналин е побарана моја исписница од Бокс федерацијата за да настапам, таков документ не постои. Нема потреба од таков документ. Сите боксери што се сега кик-боксери не доставувале таков документ за да настапат. Поради ова и КБК Адреналин воопшто нема да настапи на првенството, а јас немам коментар и не сакам да се впуштам во никаква конфронтација со раководството на Кик-бокс федерацијата. Само сум убеден дека со ова не сум оштетен јас, туку спортистите и спортот во Македонија“, истакна Димовски.
ipon.mk/В.Д.