Деновиве од стана на БК Скопје беа објавени интересни фотографии на кои нашиот тешкаш Примислав Димовски и светски познатиот Мирко Филиповиќ примаат медали на е еден турнир во Сараево, Босна и Херцеговина.
Станува збор за Меѓународниот боксерски турнир ,,Хакија Турајчлиќ“ во 1997 година, на кој нашиот боксер го освои бронзениот медал а попупларниот Кро Кап сребрениот, бидејќи во финалето загуби од босанскиот боксер Јасмин Сејдиновиќ.
Малкумина знаат дека најпознатиот хрватски борец Мирко Филиповиќ кариерата ја почна во аматерскиот бокс, имаше 45 борби 40 победи и 5 порази, и дека боксот му го трасираше патот кон К1 и ММА. На истиот турнир боксирал и Стипе Дрвиш, кој исто така е од екипата на Кро Кап, притоа е прогласен за најдобар техничар на турнирот. Инаку, Стипе стана светски првак во полутешка категорија!
Погледнете го бокс мечот на Мирко Филиповиќ со Јасмин Сејдиновиќ, вистински раритет.