На Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“ се пријавени повеќе од 100 учесници, велат од БК Спартак.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани со почеток во 11 часот.
На турнирот учествуваат момчиња и девојчиња: момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории; момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.
Покрај медалите за освоените места ќе бидат прогласени и победник на турнирот, најдобар техничар, најдобар домашен и најдобар странски борач.
Учество на турнирот имат најавено екипите на Балканец, Бучим, Бучим шампион (Конче), Киро Ристов (Таринци), Лирија, Карбинци, Борец, 7 Мај, Вардар, како и еден клуб од Солун, Грција, и еден од Петрич, Бугарија.
Организаторите очекуваат квалитени борби.
Инаку, Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“ ќе се одржи по 22-ри пат како продолжение на „Колев-Андонов“ и се одржува во спомен на сите борачи кои во изминатиот период дале придонес за развој и популаризација на борењето.