Приходите од мечот Пакијао-Мејведер и над 400 милиони долари!

may-pac-press

Боксерски дуел меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао може да ја надмине сумата од 400 милиони долари приходи, објави менаџерот на филипинскиот боксер, Боб Арум. 

Мечот што ќе се одржи на 2 мај во Лас Вегас ќе донесесамо 74 милиони долари од продадени билети во МГМ Гранд Арената.

„Лудница е, но така стојат работите. Скокот e неверојатен“, рече Арум.

Најскапите билети, што се распродадоа за неколку минути, се 10.000 долари.

Се планира од правата за емитување на средбата во целиот свет на организаторите да им донесат уште 35 милиони долари, а 10 милиони веќе се платени во Филипините, каде што Пакијао е исклучително популарен.

Се очекува да има и над 3 милиони од платено гледање, бидејќи цената е фиксна 100 долари.

 „Немаше да добиеме такви бројки, ако го направевме мечот пред пет години“, истакна Арум.

„Сепак, изгледа ја правиме средбата во посоодветно време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON