Прифатен приговорот на Бучим, ќе се покрене дисциплинска постапка против Ердинч Зејнелов

Приговорот на БК Бучим е прифатена од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), со која се тврдеше дека борач на Борец бил лажно пријавен и дека им се скратени бодови. 

Имено, во приговорот во врска со доставениот Извештај од одржаното Изборно првенство за У-15 и женското борење што се одржа на 25.01.2020 година во Скопје, од Бучим истакнуваат дека за пресметката на бодови во табелата за У-15 во категоријата до 75 кг, каде што добоиле  еден поен, а требало за трето место да бидат два, затоа што нивниот борач Илија Атанасов, или вкупно клубот да има 18 бодови. И во табеларниот приказ за женското борење во категоријата до 66 килограми имале едно второ и едно трето место и наместо 4 бода треба да стои 4+2,  односно 6 бода или вкупно 20.

Од Бучим побараа да биде проверена годината на рагање на борачот Ердинч Зејнелов од Борец од Велес, кој настапи во категоријата до 85 килограми, бидејќи се сомневале во неговата регистрација,  односно дека  не е роден 2005 година.

Тие реагираа и на едностраната одлука на судиите и делегатот на натпреварот на Првенството во врска со нивната одлука за настап на борачи кои се заразени со венерични кожени пболести од БК Балканец и БК Лирија, без одлука од страна на дежурен лекар на натпреварот за нивниот настап. А на Изборното првенството за кадети одржано на 18.01.2020 година во Скопје нивниот борач Арон Николов судиите и делегатот на натпреварот не му дозволиле да настапи на истото, поради истата кожна болест.

„Ваквиот однос и двострано гледање на работите е недозволиво пред се од здравствени причини за борачите, и бараме писмено образложение зошто натпреварувачката комисија  и делегатите на натпреварите немаат  изградено ставови за забрана и настап на борачи заразени со заразно-венерични и други преносливи болести, евидентно видливи кај борачите. Ако болестите се непреносливи, борачите пред секој настап треба да покажат белешка од лекар дека наведената болест не е заразна и борачот слободно може да се настапи. Таква практика пороно постоеше и без проблеми нашите борачите настапуваа и на мегународни натпревари“, истакнуваат од Бучим.

„При извршениот увид во извештајот од одржаното Изборно првенство за У-15 и женско борење што се одржа на ден 25.01.2020 година во Скопје, констатиравме дека вашиот приговор е основан и е направена ненамерна грешка во бодувањето и истата е исправена и направена нова корегирана табела, која ви ја доставуваме.

Исто така, ве известуваме во врска со вашето укажување во нашата матична евиденција за регистрирани борачи е направена проверка и е констатирано дека борачот Ердинч Зејнелов член на БК Борец – Велес е роден на 17.08.2003 година и така е евидентиран во нашата евиденција. За направениот дисциплински прекршок, Дисциплинската комисија донесе одлука за покренување на дисциплинска постапка против прекршителите и по нејзино завршување ќе се направи корекција во пласманот во категоријата до 85 кг, каде што настапи спорниот борач“, се вели во одговорот на ФБСМ.

ИЗВЕШТАЈ ИЗБОРНО ПРВЕНСТВО У15 2020 ГОДИНА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО