Прием за Владимир Егоров во АМС и МОК

Освојувачот на бронзениот медал од Европско првенство во Букурешт, Романија, Владимир Егоров, со првите луѓе на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) денеска имаше два приема, еден во Агенцијата за млади и спорт и друг во Македонскиот олимписки комитет.

„Нашата држава после долго чекање повторно се врати на европската боречка сцена“, рече директорот Дарко Каевски кој му го честиташе медалот на Егоров, при што соопшти дека Владимир ќе зема стипендија од светска категорија според Правилникот за категоризација на спортисти, а Нуров со освојувањето на петото место меѓународна.

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, претседателот на МОK, д-р Васил Тупурковски му честиташе на Владимир Егоров за бронзениот медал од ЕП во борење, слободен стил, а честитки беа упатени и до олимписките стипендисти на МОК, Магомедгаџи Нуров и Елмедин Сејфулау кои го освоија 5-тото место на ова Европско првенство.

„МОК покрај финансирањето на програмата на погоре споменатите олимписки стипендисти, инвестира и во едукацијата и развојот на тренерскиот кадар и спортската администрација на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, верувајќи дека сите ние, набрзо, ќе бидеме сведоци на нови врвни резултати на најдобрите македонски борачи“, рекоа од МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON