Прием за репрезентацијата во традиционално борење кај македонскиот амбасадор во Казахстан

Македонската експедиција вчера пристигна во Астана, Казахстан, каде 8-13 септември ќе се одржат 5. Светски номадски игри 2024, кои се познати и како Олимписки игри на традиционалниот спорт.

Нашата делегација вчера беше пречекана од амбасадорот на Македонија во Казахстан Сали Нимани.

„Му благодариме на амбасадорот на нашата држава во Астана-Казахстан, господин Сали Лимани кој помогна да се обезбедат визи за сите нас, како и приемот/ посетата што ја организираше денес специјално за претставниците на Традиционалната боречка федерација“, напиша на Фејсбук претседателот Бакија Хамид.

Македонската репрезентација на Игрите учествува по покана на Светската етноспортска конфедерација.

Македонија ќе ја претставуваат Стефан Зашков и Александар Миланов, а ќе ги предводат од претседателот Хамид Бакија и селекторот Ацо Крстев.

На Номадските игри ќе настапат над 3000 спортисти од 93 земји.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON