Претседателот Ванчо Чифлиганец ги посети репрезентативците

Borenje reprezentaciaj posetena od Cifliganec

Претседателот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Ванчо Чифлиганец, ги посети репрезентативците кои се подготвуваат за квалификациските турнири за Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Cifliganec Nase Straso so reprezentacija

Чифлиганец го следеше тренингот во салата на БК Лирија од Скопје под раководство на тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези и стручниот тренер Николај Корнеев, а во придружба на спортскиот директор Насе Насев и претседателот на Стручниот совет Страшо Глигоров.

Toj на репрезентативците Дејан Митров, Јасин Реџелари, Бобан Данов, Бехар Махмути, Ертан Реџепи, Иван Јанев и Никола Петров им порача дека ФБСМ ќе им ги овозможи сите подоготовки за да се обезбеди виза за ОИ 2016 година.

cifiliganec i reprezentacija

Ова е првата фаза од подготовките, фактички онаа што требаше да се одржи на планина. Од 6 јануари ќе почне втората фаза и ќе се одржи во еден од бугарските спортски центри Тетевен  или Белмекен. Борачите таму ќе останат до почетокот на силниот меѓународен турнир „Дан Колов“ во Бугарија од 29-31 јануари, а по него ќе се оди на „Јашар Догу“ во Турција, кој се одржува од 5 до 7 февруари.

На подготовките во Бугарија ќе се приклучат Лабазан Аскербиев и Мохамедгаџи Нуров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON