Претседателот на ВКФ имаше средба во МОК

Espinoza vo Mok kaj Cile

Претседателот на Македонскиот oлимписки комитет, Васил Топурковски и претседателот на Светската карате федерација (ВКФ), Антонио Еспиноза, имаа средба на која се разговараше за поддршката која МОК ја дава во насока на идејата каратето да биде спорт на програмата на Олимписките игри. Двајцата претседатели ги истакнаа исклучително позитивните моменти во соработката меѓу МОК, ВКФ и Карате федерацијата на Македонија.

Топурковски истакна дека МОК со своите олимписки програми и одличната соработка со КФМ, во рамките на Медитеранските и Европските игри Баку2015, дава силна поддршка во насока унапредување на каратето на национално и глобално ниво.

Претседателот Еспиноза истакна огромно и искрено задоволство од големата помош и долгорочната квалитетна соработка која МОК и КФМ ја негуваат, како и од очигледната помош која сите заедно ја дават во насока каратето да стане дел од спортовите кои се на програмата на Олимписките игри.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON