Претседателот на Украина го поздрави Усик

Претседателот на Украина Петро Порошенко го поздрави Александар Усик за победата во обединувачкиот меч за појасите во полутешката категорија над Русинот Мурат Гасиев во Москва.

Порошенко не пропушти да ја замеша и политиката, што беше очекувано во позадината на сложените односи меѓу двете држави кои војуваат во источниот дел на Украина.

„Ниту секунда не се сомневав дека Саша ќе победи. Да ја чуеш украинскиот химна во Москва е симбол на нашата борба, на приближувањето на нашата победа. Украина се гордее со Усик“, напиша Порошенко по натпреварот во кој Усик победи со едногласна судиска одлука по доминирањето во 12 рунди.

https://www.instagram.com/p/BlhE_OcnAFi/?utm_source=ig_embed

https://youtu.be/H3bPffVctWA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО