Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски имаше работна посета на Европската џудо унија за време на Европското јуниорско првенство што се одржа од 8 до 12 септември во Луксембург.
Трпаноски на ЕП претстојуваше по покана на претседателот на ЕЏУ, Сергеј Соловејчук.
„Во тој период беа направени повеќе работни состаноци со претседателот на ЕЏУ г-дин Соловејчук, како и со дел од претседателите на комисиите при ЕЏУ, на кои состаноци беше разговарано за унапредување на џудо спортот во нашата држава, преку учества на меѓународни едукативни семинари, кампови и натпревари како и организација на едукативни семинати, кампови и натпревари во нашата држава“, информираат од Џудо федерацијата.
Трпаноски беше и дел од свечената церемонија на доделување на награди на учесниците на Европското првентво за јуниори во Луксембург.
„Претседателот на ЕЏУ, Сергеј Соловејчук посетата на Трпаноски ја оцени како доста успешна и изрази задоволство од активностите кои беа реализирани, како и се обврза дека активно ќе помага за унапредување на џудо спортот во Македонија“, велат од ЏФМ.