Претседателот на ЏФМ Владимир Трпаноски со челниците на Српската џудо федерација договори соработка

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), Владимир Трпаноски престојуваше во дводневна работна посета во Нови Сад, Војводина, по покана на Џудо федерацијата на Војводина и Српската фудо Федерација. Трпаноски беше  придружуван од членот на Извршниот одбор Сашо Јанакиески (почесен конзул на Унгарија во Македонија).

Покрај присуството на 1.Меѓународен турнир „Меморијал на великаните“ на кој имаше и претставник од македонските клубови, претседателот и членот на ИО на ЏФМ одржаа интензивни средби и состаноци со високи претставници на Српската џудо федерација.

Тие се сретнаа со претседателот на ЏФВ, Миодраг Ничиќ, генералниот директор на ЏФС, Драган Атанасов, спортскиот директор на ЏФСрбија – Јовица Јовановиќ, претседателот на Дан колегиумот при ЏФС – Славко Обадов 9 дан, како и со претставници на судиската и натпреварувачката комисија.

„Работните средби и состаноци беа во насока на заемна идна соработка на двете федерации со цел подобрување на работата на Македонската џудо федерација во делот на усогласување на правилниците за работа на стручните комисии, потоа стручната работа на тренерите и судиите преку заеднички семинари, како и регулирање на работата на Дан комисијата за доделување на ученички и мајсторски степени. Исто така, најавено е и договорено потпишување на меморандум за соработка помеѓу двете федерации кој ќе овозможи реализација на сите овие активности, а со една цел: унапредување на џудо спортот во Македонија на едно повисоко и поквалитетно ниво“, велат од нашата Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON