Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану би можел да биде еден од најбараните борци во историјата на ММА следната година.
Имено, Камерунецот ќе има операција на коленото, и малку подолго закрепнување, а неговото враќање во борбите се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
За Нгану тоа беше последната борба според договорот, која по победата автоматски беше продолжена на уште две борби или за една година.
Шампионот е подготвен веднаш да потпише нов договор во кој би имало неколку промени, со акцент на повисока плата и можност за настап на боксерските мечеви.
Но, ако УФЦ не успее да постигне договор со Нгану, другите промоции за боречки вештини ќе бидат многу заинтересирани да го доведат Камерунецот во своите редови.
Интерес за шампионот на УФЦ покажа претседателот на БКФЦ, Дејвид Фелдман.
„Наскоро би можеле да донесеме двајца големи борци. Сè уште се под договор на други промоции и не сакам да зборувам многу за тоа. Но, можам да ви откријам колку сме заинтересирани за Френсис Нгану. Ако е слободен, сигурен сум дека ќе му направиме добра понуда. Можеме да му понудиме плата од која ќе биде многу задоволен“, изјави Дејвид Фелдман.