Легендата Федор Емелијаненко е нокаутиран од Рајан Бадер на Белатор 214 во финалето на Гран при тешкашкиот турнир. Бадер влезе во историјата како прв шампион во две категории на Белатор.
Ова беше последната битка на договорот на Федор Емелијаенко со Белотор и неговата иднина се уште е нејасна. Претседателот на организацијата Скот Кокер покажа голема почит спрема легендарниот борец и рече дека веќе постигнал сè и нема потреба да продолжи да се бори.
„Никогаш не е лесно да гледаш како ти го удираат пријателот и го нокаутираат. Во моментов се зависи од Федор. Тоа беше последната борба од неговиот договор. Мислам дека обајцата изградивме добро пријателство со текот на годините. Федор повеќе не треба да се бори.
Постигнал сè. Веќе е најголем во историјата на тешката категорија. Сега се зависи од него и тој ги донесува одлуките. За мене, тој е најдобриот на сите времиња. Отсекогаш бил борец кој се соочува со секого што ќе му го понудат. Имаше одлична кариера“.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=dpuqQ8P6txE
.