Претепана ќерката на Федор Емилијаненко по критките на Кадиров

fedor-so-sobrani-race

16-годишната ќерка на руската ММА легенда, Федор Емилијаненко, била нападната и примена во болница додека се враќала од училиште. Од извештајот на полицијата станува јасно дека непознати сторители ја удирале во пределот на градниот кош, поради што повредите се очигледни. Таа има сериозни повреди на градите и стомакот.

Таа прво не сакала прво да и се претстави на полицајците, а и да ги опише напаѓачите, очигледно била многу преплашена од нив.

Инцидентот се случил на 9 октомври, точно кога Федор ги критикуваше детските ММА турнири организирани во Чеченија под покровителство на претседателот на републиката, Рамзан Кадиров.

Откако Фдор рече дека случувањата во Грозни се неприфатливи, следеа закани од луѓе блиски на Кадиров, меѓу кои и од шампионот на ВСОФ во мува категорија, Магомед Бибулатов и еден од најдоверливите луѓе на Кадиров, Адам Делимханов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON