Ново големо име се поврзува со следниот противник на Сoл Алварез – Жермел Шарло. Непоразениот шампион во средна категорија на ВБЦ во 32 битки треба да се сретне со Канело во мај, рече Мајк Копингер.
Мексиканецот во ноември доби дозвола да се бори за светската титула во полутешка категорија против Илунга Макубу, но Африканецот веќе најави меч,а противникот му се закани со тужба.
Слично сценарио видовме и со Тајсон Фјури, кој се договори со Ентони Џошуа, но Дионтеј Вајлдер не ни дозволи да видиме обединувачки меч во тешка категорија.
„Моите информации се дека во моментов тоа е најверојатниот ривал на Канело за „Синко де Мајо““, изјави боксерскиот новинар Копингер.
Битката дефинитивно ќе привлече огромен интерес низ Северна Америка, спротивставувајќи ги најжешките лица во САД и Мексико на тие килограми.