Пресврт! Али Исаев потпиша со Белатор

Али Исаев реши кариерата да ја продолжи во Белатор.

Се сметаше за безбедно засилување на УФЦ, но тој одлучи дека сака да се бори за Скот Кокер. На крајот на минатиот месец повеќе извори известија дека Исаев потпишал договор со УФЦ, но очигледно во последен момент се предомислил. Кокер откри дека Исаев ја избрал неговата организација.

„Среќен сум што борец од овој калибар се приклучи во тешка категорија која е веќе полна со борци од светска класа.

Исаев се натпреваруваше на Олимпијадата во 2008 година и беше многу успешен во ММА за што сведочи неговата титула на последната промоција.

Гледам многу интересни борби за него“, ги цитира Шердог зборовите на Кокер.

Исаев стана шампион на ПФЛ во тешка категорија и освои 1 милион долари на турнирот во Њујорк. Во финалето се бореше со Американецот Џеред Рошолт и го победи со нокаут. Али има 9 победи, а нема пораз.

Исаев доби 4 од своите 9 победи со нокаут. Али е европски шампион во борење во слободен стил. Има 38 години и е роден во Дагестан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ali Isaev (@aliisaev_mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON