Пресметката меѓу Хабиб и Тони најверојатно во Дубаи

Борбата за титулата во лесна категорија во УФЦ меѓу шампионот Хабиб Нурмагомедов и предизвикувачот Тони Фергусон повеќе од сигурно е дека нема да се одржи во Бруклин, како што беше првичниот план.

Поради пандемијата на коронавирусот најголеми шанси да ја организира оваа борба има Дубаи. Тоа го потврди и таткото на Хабиб, Абудлманап Нурмагомедов.

„Судејќи според се тоа ќе биде Дубаи, Русија отпаѓа. Пред затоа што поради топлината полесно е да се бориме против болестите, а и верувам дека богатите шеица можат да го платат домаќинството за евентот 249. Кабиб одлично се чувствува, здрав е и не се плаши од коронавирусот. Кога во прашање е публиката, ако биде во салата – добро, ако не уште – подобро“, изјави таткото на Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON