Јапонскиот премиер Шинзо Абе тврди дека Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат во јули како што е планирано и покрај пандемијата на коронавирус и откажувањето на речиси сите спортски настани во светот. Сепак, вели дека Интернационалниот олимписки комитет ќе го има последниот збор.
„Ќе го надминеме ширењето на вирусот и ќе бидеме домаќини на Олимписките игри без проблем“ – вели Абе.
Јапонскиот дел од носењето на олимпискиот факел ќе почне во Фукушима на 26 март. Палењето на огнот на Олимпија мина без публика, а носењето на пламенот низ Грција беше откажано за да не привлекува луѓе на улиците. Во меѓувреме, неколку олимписки квалификациски натпреварувања во САД беа откажани додека боксерскиот квалификациски турнир во Лондон се одржува викендов.