Македонските каратисти под водство на тренерот на сениорската репрезентација Сашко Арсовски заминаа Карате 1 Премиер лигата во Токио – Јапонија, каде што настапуваат само оние што се рангирани во првите 100-мина на светската ранг листа на ВКФ. Натпреварите се од 12 до 14 октомври.
Во Токио отпатуваа репрезентативците кои ќе настапат на Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември, и тоа: Емил Павлов, Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Симона Заборска и Наташа Стефановска.
Коефициентот на ова натпреварување е 6, така тие што ќе остварат добри резултати ќе имаа добро бодовно сладо за Олимписките игри во Токио 2020.
Во ова коло од Премиер лигата ќе настапат 664 натпреварувачи од 70 држави.
Ipon.mk