Борбата за титулата во полутешка категорија меѓу Гловер Тешеира и Јиржи Прохаска ќе доцни за еден месец. Тие требаше да се борат во почетокот на мај, но УФЦ одлучи да се борат во јуни.
Веста дојде од Тешеира, кој минатиот викенд беше во аголот на Велингтон Турман за неговата борба во Лас Вегас. Така шампионот од Бразил ќе го брани појасот на УФЦ 275 што ќе се одржи на 11 јуни. Локацијата се уште е непозната.
Тешеира има скор 33-7 во ММА и е во серија од 6 последователни победи. Гловер ја освои титулата откако го победи Јан Блахович на крајот на 2021 година. Тој победи на 28 среби со завршница, а има 3 порази со нокаут.
Тешеира заврши 5 од последните 6 битки. Гловер има 42 години и не планира да се раздели со појасот.
Прохаска, пак, има скор 28-3-1 во ММА и е во серија од 12 последователни победи. Тој го имаше своето силно деби во УФЦ и ги нокаутира Оездемир и Рејес, заработувајќи бонуси. Јиржи 27 мечеви ги заврши со нокаут. Има три порази со завршница. Тој е поранешен шампион на Ризин.
Прохаска последен пат загуби во 2015 година од Мохамед Лавал. Сепак, успеа да му се реваншира и го нокаутира во 2019 година. Само Лавал го победи Јиржи во последните 24 ММА борби.