Преговорите за мечот меѓу Усик и Фјури се при крај, менаџерот Егис Климас знае уште неколку детали

Мечот за обединување на титулата во тешка категорија меѓу украинскиот боксер Александар Усик и Британецот Тајсон Фјури е практично договорен, а датумот и местото на одржување се веќе познати.

Менаџерот на Усик, Егис Климас, откри дека преговорите за борбата за титулата во тешка категорија започнале пред неодамнешната победа на Фјури над Дерек Чисора.

Кралот на Ромите веднаш по триумфот против Дел Бој во кој го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ, го повика Усик, кој ги носи титулите ВБА, ИБФ и ВБО.

„Почнавме преговори уште пред борбата на Фјури со Чисора, затоа и Усик се појави на шоуто“, рече Егис Климас и продолжи:

„Значи, веќе разговарав со промотори од Квинсбери и Топ ранг. Сите се собравме и речиси сме готови, нема што повеќе да се зборува. Двајца од најдобрите тешкаши во борбата за апсолутен шампион на светот. Тоа им треба на навивачите“.

Климас го откри можниот датум и место на борбата.

„Најверојатно ќе биде 4 март, некаде на Блискиот Исток. Но, има и други комбинации, Лондон, Катар се во игра… Но ние сакаме да биде Саудиска Арабија, тие се многу заинтересирани за таа борба. Тие го сакаат Усик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON