На денешен ден во 2014 година најдобриот македонски каратист Емил Павлов го освои првиот златен медал на европските првенства. На ЕП во Финска на 5 мај 2014 година се качи на пиедесталот како најдбар каратист во Европа.
Павлов не застана, туку освои уште еден златен медал во 2018 година во Нови САД, Србија.
На ЕП 2016 во Монпелје, Франција, и на шампионатот во Гвадалахара-Шпанија во 2019 година Емил освои бронзени медали.
Во колекцијата на медали Павлов се придодава и бронзата од првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година.
На 19 мај стартува ЕП во Пореч, Хрватска, а Павлов има шанса да ја зголеми колекцијата на медали и да биде што поблиску до Олимписките игри во Токио на 23 јули годинава.
На 8 јуни во Париз се одржува квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио.