Пред 35 години: Мајк Тајсон го „уништи“ својот прв противник и доби 450 долари (ВИДЕО)

Пред точно 35 години, на 6 март 1985 година, Мајк Тајсон го имаше својот прв професионален меч пред само 2.000 фанови во Олбени, Њујорк, кога анонимниот 18-годишен боксер го совлада Ектор Мерцедес- „Секонд-хенд“.

Сепак, од видеото кое за среќа е сочувано јасно се гледа дека малубројната публика ужива во шоуто кое траеше само 1 минута и 47 секунди. Самиот Порториканец Мерцедес имаше 19 години и 0-3 скор во трите професионални мечеви.

„Вечерта на мечот, бев навистина нервозен. Но, кога го видов во рингот противникот, знаев дека можам да го победам“, пишува Тајсон во својата автобиографија.

За разлика од милионите кои ќе ги заработи во својата кариера, за овој меч „Челичниот“ од својот менаџер Џими Џејкобс доби  450 долари.

„Во првите мечеви воопшто не заработував пари. Мојот прв меч донесе загуба за промотерот, но Џими ми даде 500 долари. Потоа ми зеде 50 долари да му даде на тренерот, а 350 долари стави во банка, така што си заминав само со 100 долари“, се потсетува Тајсон.

Тие први мечеви полека ја изградија репутацијата на Тајсон. Бидејќи не успеа да се квалификува за Олимпијадата во 1986 година, неговите менаџери праќаа ВХС касети со неговите мечеви на новинарите низ САД. Тајсон победи во 18 меча, сите со нокаут, во првите 12 месеци од кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON