Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија на последната седница од 17 јуни во Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции во челнот 22 предвидува трошоците за настап на репрезентативците на меѓународни првенства (балканско првенство, медитеранско првенство, медитерански игри, европско и светско првенство) да паѓаат на терет на клубовите и натпреварувачите.
„КФМ ги рефундира трошоците за учество заедно со трошоците за подготовки, како и трошоците за наредното европско, односно светско првенство, доколку репрезентативецот ги освоил следните резултати:
-сениори кои освоиле 1-5 место на Европско или 1-7 место на Светско првенство во ката или кумите индивидуално, доколку оствариле минимум две постигнати победи;
-јуниори од 18 до 21 година кои освоиле 1-5 место на Европско или 1-7
место на Светско првенство во ката или кумите индивидуално, доколку оствариле минимум две постигнати победи;
-јуниори кои освоиле 1-3 место на Европско или 1-5 место на Светско првенство во ката или кумите индивидуално, доколку оствариле минимум две постигнати победи;
-кадети кои освоиле 1-3 на Европско или 1-5 на Светско првенство во ката или кумите индивидуално, доколку оствариле минимум две постигнати победи.
КФМ ги рефундира трошоците за учество заедно со трошоците за подготовки, како и трошоците за наредното европско, односно светско првенство, доколку резултатите наведени во став 1 од овој член се постигнати и во екипно натпреварување.
Не се врши рефундирање на трошоци за наредното соодветно првенство ст.1 од овој член, освен ако натпреварувачот освои златен медал, и покрај постигнатиот резултат, ако натпреварувачот премине во друга категорија, или ако премине од кадет во јуниор или од јуниор во сениор“, се вели во членот 22.
Во наредниот член (23) ИО на КФМ, предвидува со претходно определен буџет, со одлука да може да ги награди натпреварувачите и другите лица кои постигнале врвен резултат, а се од посебно значење на КФМ и тоа на предлог на тренерот на државната репрезентација и Стручниот совет.
„Одлука за награда, надомест за стручната работа и исплата на дневници на тренери на државна репрезентација и други официјални лица донесува Извршниот одбор на КФМ“, се вели во член 24 од Правилникот.
Со ваквите одлуки повторно топката се префла на клубовите и потенцијалните репрезентативци, а без контререн табелар на награди. Од друга страна, повеќе тренери подолго време истакнуваат дека наградите од Агенцијата за млади и спорт треба тие да ги добиваат, затоа што ниту еден тренер со неколкуденвни подготовки не може да освои медал ако нема континуирана работа. Поради ова имаше најави за тужби на АСМ.
За да ги браниш боите на Македонија прво треба да си платиш, а потоа некој друг да ги собира ловориките и да се удира во гради.
Ipon.mk/В.Д.