Познато е колку Тајсон Фјури заработи од борбата против Френсис Нгану

Светскиот шампион Тајсон Фјури заработи доста пари со неговата неодамнешна борба против поранешниот УФЦ борец Френсис Нгану.

Кралот на Ромите открива дека неговата жиро сметка се зголемила за повеќе од 55 милиони евра по судирот со Камерунецот.

Хонорарот на Фјури против Нгану е најголемиот што некогаш го заработил од една борба.

Неговиот пријател Дерек Чисора пред тој меч изјави дека шампионот на ВБЦ ќе добие најмалку 45 милиони евра, но таа сума е десет милиони повеќе.

И пред борбата со Нгану, Фјури заработуваше во просек по 26 милиони евра во последните три борби против Дерек Чисора, Дилиен Вајт и Дионтеј Вајлдер.

До неодамнешната борба против Камерунецот, најголемата заработка на Фјури доаѓаше од борбата со Вајт кога доби хонорар од 33 милиони евра.

Френсис Нгану може да биде задоволен од својата заработка, без разлика што доби пет пати помалку од Џипси Кинг.

Камерунскиот борец си однесе дома десет милиони евра, што е многу повеќе од она што го доби во последната борба во УФЦ. Имено, по борбата против Сирило Гане, на неговата сметка легнале 550.000 евра.

И Нгану воодушеви во дебитантскиот боксерски меч против Фјури. Иако на крајот загуби со поделена одлука на судиите, остави многу добар впечаток, па дури во третата рунда го испрати шампионот на ВБЦ во нокдаун.

Тајсон Фјури ќе се бори со Александар Усик за обединување на шампионските појаси во тешка категорија на 17 февруари следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON