Познато е кога почнува мечот на Кро Кап со Косака

РИЗИН го објави деталниот распоред за своите два настани за крајот на годината.

Ќе се одржи Гран-при финалето во бантам, женскиот турнир во суператом категорија и кик бокс турнирот во категорија до 57 килограми.

На 31 декември за РИЗИН ќе дебитира поранешниот шампион на Прајд Таканори Гоми во првиот меч по заминувањето од УФЦ.

Но, за регонов најинтересна е борбата меѓу Мирко Филиповиќ и Цујоши Косака која е девета по ред на 31 декември.

Церемонијата на отворање е во 15 часот по локално време, односно во 8 часот по македонско време.

Мечот меѓу 43-годишниот Кро Кап и четири години постариот Јапонец е девета по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО