Познато е кога Фјури повторно ќе се качи во рингот

Промоторот Френк Ворен откри кога шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури ќе се врати во рингот. Британскиот тим знае кога сака да одржи меч, но не и против кој противник ќе биде битката.

„Што и да се случи, тој ќе се бори на 26 март. Ова е целта. Работата е во тоа што тој сака да се бори. Се уште нема договор со Вајт. Мислам дека ќе биде голема битка, но не знам дали ќе биде што е можно поголема со Александар Усик. Мислам дека следната недела ќе има поголема јасност за тоа што ќе се случи“, изјави Ворен за Boxingnews24.

Последниот меч на Фјури беше на 10 октомври 2021 година со Американецот Дионтеј Вајлдер. Борбата заврши во 11. рунда со нокаут за Фјури.

Промоторот на боксерскиот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, исто така откри колку точно Фјури заработи во борбата во октомври.

„Последната борба на Тајсон му донесе 13 милиони фунти, кои ги заработи во меч за светската титула во ВБЦ“, призна Англичанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON