Познати се најуспешните клубови на Меѓународниот џудо турнир „Миоки опен 2022“ што вчера се одржа во Скопје, а на кој настапија 34 клубови со 357 натпреварувачи од Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Грција, Бугарија, Романија и Македонија.
Најуспешни клубови во машка конкуренција се Академик од Никшиќ во У13 и У18, ЦСКА Џудо од Софија У15, а во женска конкуренција најуспешен клуб У13, У15 и У18 е ЏК Миоки.
За најуспешна странска екипа е прогласена Академик од Црна Гора, додека најуспешен домашен клуб е Миоки со вкупно освоени 18 медали и тоа: 6 златни, 6 сребрени и 6 бронзени.
Инаку, настанот го отвори градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓоргиевски.