Македонските боксери ги добија противниците за 2.Јуниорски национален куп во Врбас, Србија, на кој борбите ќе почнат денес, а турнирот ќе заврши на 19 август.
Ахмет Јашаров (-48 кг) не жребуван и не ни е познати од кои причини нашиот боксер го нема на турнирот, а кој беше најавен за патувањето во Врбас.
Моците на селекторот Петре Чурлиновски ги добија следните противници:
Елес Асанов (-52 кг) – Александар Фредриксон (Шведска)
Илхан Озмен (-54 кг) – Кевин Бом (Шведска)
Алпај Демиров (-60 кг) – Брион Каротерс (САД)
Ајхан Озмен (-60 кг) – Лука Непергача (Србија)
Трајче Илиоски (-63 кг) – Торенс Џејден (Велс)
Адријан Аземи (+80 кг) – Ахмад Ахмадов (Азербејџан)
Турнирот кој е во календарот на ЕУБЦ и настапуваат 173 боксери од 21 држава од Европа во машка (125) и женска конкуренција (48).
Се работи за млади и перспективни боксери кои за прв пат ќе имаат можност да се сретнат со силни противници, а за Елес Асанов и Алпај Демиров ова ќе биде и трет тест за ЕП во Анапа – Русија, од 8 до 17 октомври.
Ipon.mk