Македонската репрезентативци во кик бокс ги добија противниците на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во Гиор – Унгарија, кое ќе трае до 1 септември.
Миа Тодорова има загарантирана бронза, но со победа над Султаника од Грција ќе се пласира во финалето каде што ќе ја чека Русинката Вероника Сураева. Марко Тодоров со победа над Максимус Бејенута од Романија ќе се пласира во полуфиналето и ќе обезбедни најмалку бронза. Останатите натпреварувачи ќе имаат по една борба повеќе до медал, а некој и две.
На ЕП настапуваат 1991 натпреварувач од 42 земји.
Тренерите Тони Стојановски и Александар Ристовски имаат убава можност да се вратат со повеќе медали од ова ЕП.
ЕП – Гиор, Унгарија:
-60 кг К1 јуниори
Марко Тодоров – Максимус Бејенута (Романија) со победа во полуфинале
-60 кг К1 млади јуниори
Миа Тодорова – Јаона Султаника (Грција) во финале со Вероника Сураева (Русија)
-57 кг КЛ постари кадети
Борјан Трајков – Матеј Власак (Чешка)
-63 кг КЛ јуниори
Синиша Милошевиќ – Марко Дорен Мантила (Хрватска)
– 69 кг КЛ јуниори
Милан Милошевиќ – Лук Кронин (Ирска)