Утре почнува премиерното издание на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, по едногодишна пауза, со настап на 618 натпреварувачи од 69 држави, односно 280 клуба, а Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти.
Денеска беше направено жребувањето и се познати противниците на нашите каратисти, а некои од нив на почетокот ќе се сретнат со навистина тешки противници, како Доан Османи, Абдурахим Идризи, Марија Милева, Виктор Крстевски.
Боите на македонското карате ќе ги бранат:
-60 кг
Емил Павлов – Аминга Гулијев (Азербејџан)
Абдурахим Идризи – Султан Хусеинов (Азербејџан)
Вахик Весели – Бурак Оздемир (Турција)
67 кг
Марио Свинарски – Владислав Талдикин (Русија)
75 кг
Доан Османи – Луиџи Буза (Италија)
Петар Заборски – Стефан Петков (Бугарија)
-84 кг
Петар Спасеновски – Андреј Торошенко (Укарина)
Виктор Крстевски – Рамазан Азизов (Казахстан)
Глигор Петков – Валери Соних (Украина)/ Томас Дусанг (Чиле)
Берат Јакупи – Константин Цимбал (Украина)
+ 84 кг
Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Коста Рика)
55 кг
Јована Георгиева – Асена Пекмезоглу (Турција)
Милева Марија – Ивет Горонава (Бугарија)/ Рут Лоренцо (Шпанија)
-68 кг
Ангела Мојсовска – Алиса Бушингер (Австрија)
Моника Стефановска – Силвија Семераро (Италија)
Кати
Пуликсенија Јованоска е во 4-та група