Остануваат уште седум недели до многуочекуваната пресметка за обединување на титулата во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик.
Настанот ќе се одржи на 18 мај во Саудиска Арабија, а сега е позната целата програма на фантастичниот боксерски настан.
Мечот меѓу Фјури и Усик повторно ќе го даде апсолутниот шампион во тешка категорија по 25 години од триумфот на Лено Лејвс.
Двајцата непоразени шампиони требаше да се пресметаат во февруари, но Џипси Кинг се здоби со расекотина над окото на тренинг и го откажа мечот.
За да се спречи ново одложување на мечот, организаторите најавија дека следниот кој ќе го откаже натпреварот ќе биде казнет со десет милиони долари.
Сега е потврден и остатокот од програмата на боксерскиот спектакл во Ријад.
Џаи Опетаја се бори со Маирис Бриедис за испразнетата титула на ИБФ во полутешка категорија, додека Џо Кордино ја брани титулата во суперперо категорија на ИБФ против Ентони Какаче.
Додадена е нова борба која претходно не беше закажана за февруари, а тоа е меч во тешка категорија меѓу Агит Кабејел, кој сега ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на Франко Санчез.
На програмата беа и мечевите меѓу Сергеј Ковалев и Робин Сафар, Марк Чембрлен и Џошуа Вахем и Мозес Итаума и Иља Мезечев. Другите борби можете да ги видите ТУКА.