Позната е фајт-картата за спектакуларниот ММА турнир во Велес „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ што ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“.
На програмата се девет борби, однонсо девет македонски борци ќе ги одмерат силите со натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Од мината година тука се Илија Андов, Стефан Пецевски, Александар Заткоски, Филип Стефановски, како и Јасмин Вршкиќ, Анто Палавара.
Едно е сигурно, ќе видиме квалитетни борби, бидејќи нашите борци имаат прогрес и поголемо искуство од лани.
Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:
-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)
-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)
-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)
-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)
-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)
-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зраубица (ЦГ)
-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Стефан Манчиќ (СРБ)
-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)
-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)
Турнирот годинава ќе биде посветен на припадниците на безбедносните сили кои загинаа во Куманово во „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година.
Ipon.mk/В.Д.