Македонија ќе настапи со 13 борачи и борачки на Балканското првенство за деца и кадети Мурска Собота, Словенија, кое ќе се одржи на 4 и 5 ноември.
„За Словенија ќе отпатуваме 1 ноември, до тогаш се подготвуваме во Скопје. Тренираме во салата на БК Лирија. Децата се добро подготвени и очекуваме најмалку 5-6 медали“, вели тренерот на репрезентацијата Давор Тасев.
Во пионерска конкуренција ќе настапат:
-35 кг Бесар Амети
-38 кг Стефан Штерјов
-42 кг Бесир Алили и Ненад Панов
-47 кг Аид Салихаси и Дарио Димитров
-53 кг Мухамед Исмани
-59 кг Арбен Абази
-66 кг Арсим Бекировски
-73 кг Реџеп Ајдари
-85 кг Армен Рустеми.
Во кадетска конкуренција ќе се следните борачи:
-63 кг Орхан Џафери
-76 кг Бајрам Реџепи.
Во женска ќе не претставуваат:
-52 кг Олгица Коцева
-63 кг Бојана Лазарева.
Ipon.mk/В.Д.