Познат ММА тренер истакнува дека нема борец кој барем еднаш не добил ќотек, па така и Хабиб

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата со 29 победи во исто толку настапи.

Непоразениот Дагестанец со години тренира во Американската кик бокс академија и се дружеше само со врвни борци.

Познатиот тренер на ММА, Фирас Захаби, истакнува дека нема борец кој барем еднаш небил натепан, иако на почетокот на кариерата или во некои аматерски настапи.

Но, сето ова е добра школа која многу му значи на борецот во продолжението на кариерата.

Низ сето тоа помина и Хабиб, но го избра вистинскиот момент да се префрли во професионалци.

„И Хабиба мора да е тепан, но немавме шанса да го видиме тоа. Пред да стане професионалец имал многу аматерски борби. Многу борци денес прерано се свртуваат кон професионалци. Но Хабиб е посебна приказна“, нагласи Фирас Захаби и продолжи:

„И  кај Жорж Сент Пјер не сте виделе некој да го натепа, но тоа сигурно било за време на неговата аматерска кариера. Џон Џонс има половичен сооднос во борење. Еден меч ќе победеше, а следниот ќе го загубеше. Тие не беа ѕвезди од самиот почеток“.

На Јутјуб е достапна снимка од поразот на Хабиб кога како 17-годишник губеше во самбо од три години постариот Магомед Ибрагимов. Мечот погледнете го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО