Познат ММА борец убиен во тепачка пред дискотека во Узбекистан (вознемирувачко ВИДЕО)

Голема трагедија се случи во Узбекистан пред еден ноќен клуб во Ташкент, каде што беше претепан до смрт еден од најпопуларните ММА борци Жамшид Кенжаев.

Инцидентот се случил пред ноќниот клуб каде Кенжаев со нож околу појасот сакал да влезе, а го спречило обезбедувањето. По реакцијата на обезбедувањето тие го избркале борачот, но тој по неколку секунди се вратил и потоа започнала жестоката пресметка.

На видеото не се гледа дали ултимејтајтерот ги нападнал веднаш со нож, како што велат очевидците, или подоцна го извадил во пресметката во која од еден убод со неговиот нож смртно и настрадал.

Полицијата после прегледувањето на безбедносните камери ги уапсила сите што учествувале во трагичниот настан.

https://youtu.be/bZ3__4GCzuE

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON