Се ближи крајот на годината, па многумина се впуштаат во разни избори на најголемите и најдобрите, а истото важи и за боречките вештини.
Познатиот интернет портал ММА Џанки организираше избор на 30-те најголеми борци во слободни борби на сите времиња.
Пласманот го отворија со изборот на Дастин Пориер на 30. место, а најголемата УФЦ ѕвезда Конор Мек Грегор ја ставија на 15. место.
Американскиот тешкаш со хрватски корени Стипе Миочиќ ги затвора Топ 10-те најголеми ММА борци во историјата.
Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски е 9.место.
На петтото место е Хабиб Нурмагомедов пред Андерсон Силва и Деметриус Џонсон.
Џон Џонс е втор во анкетата на ММА Џанки, додека Жорж Сент Пјер е прв.
Канадскиот борец го освои шампионскиот појас на УФЦ во две тежински категории, полутешка и средна категорија. Кариерата ја заврши со 26 победи и два порази, против Мет Хјуз и Мет Сера, на кои подоцна им се реваншира.
Боунс е најмладиот шампион во историјата на УФЦ, а титулата ја освои во две категории, полутешка и тешка категорија. Во март годинава со победа против Сирил Гане стигна до тронот на кралската дивизија.
Има 11 одбрани на шампионската титула во полутешка категорија, а тој појас го освои два пати. Тој е рекордер по бројот на победи во натпреварите за титулата (15), пред Жорж Сент Пјер (13) и Деметриус Џонсон (12).
Рангирање на ММА Џанки на 30 најдобри ММА борци во историјата:
- Дастин Пориер
- Френк Шамрок
- Френсис Нгану
- Јоана Јеџејчик
- Френки Едгар
- Тито Ортиз
- Каин Веласкез
- Доминик Круз
- Валентина Шевченко
- Мет Хјуз
- Ронда Русеј
- Макс Холовеј
- Чак Лидел
- Хенри Сехудо
- Израел Адесања
- Конор Мек Грегор
- Ројс Грејси
- Камару Усман
- Б.Ј. Пен
- Ренди Кутур
- Стипе Миочиќ
- Александар Волкановски
- Аманда Нунеш
- Даниел Кормиер
- Жозе Алдо
- Хабиб Нурмагомедов
- Андерсон Силва
- Деметриус Џонсон
- Џон Џонс
- Жорж Сент Пјер