Тајсон Фјури и Aлександар Усик се договорија за меч за обединување на титулата во тешка категорија, кој треба да се одржи на 17 февруари следната година во Саудиска Арабија.
Британецот Тајсон Фјури е сопственик на појасот ВБЦ, додека Украинецот Aлександaр Усик ги има титулите на ВБА, ИБО, ВБО и ИБФ.
Пред неколку недели во Ријад Кралот на Ромите го победи со поделена одлука поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, а украинскиот боксер го нокаутира Даниел Дубоа во деветтата рунда на крајот на август.
„Можам да потврдам дека Фјури и Усик ќе се борат во Саудиска Арабија“, изјави боксерскиот промотор Боб Арум и додаде:
„Во четврток ќе се одржи прес-конференција во Лондон и ќе го потврдат датумот на борбата, а ќе одговорат на сите прашања кои ќе ги интересираат новинарите и јавноста. Натпреварот ќе се одржи. Едвај ја чекам таа борба“.
Борбата меѓу Фјури и Усик беше закажана за 23 декември, но Џипси Кинг побара пауза за да се опорави од борбата против Френсис Нгану.